„Шагринска кожа“ – Оноре де Балзак

Оноре де Балзак во 1831 година го објавил романот „Шагринска кожа“  (La Peau de Chagrin). Уморен од кодовите на античкиот режим или класицизмот како литературен правец, за Блазак овој роман ќе биде еден од првите негови успешни и пример за неговото капитално дело „Човечка комедија“.   

Заплетот во романот, пред сè е фантастичен: натприродното оди подалеку од реалноста. Но, токму, фантастичниот жанр ги доведува во прашање границите на науката и рационалноста, веќе трасирајќи ги контурите на големата реалистична фреска на „Човечката комедија“ – наслов што конечно го дефинира како таков.

Балзак романот „Шагринска кожа“ го поставува како врв на неговите филозофски студии во тоа време. Овој роман претставува метафора за филозофијата на енергијата присутна во сите негови дела.

 „Шагринска кожа“ содржи три поглавја:

         „Амајлија“ („Le Talisman“),

          „Бездушна жена“ („La Femme sans cœur“) и

          „Умирање“ („L’Agonie“).

      Првото издание содржи предговор и „Моралност“ („Moralité“) кои се отстранети во понатамошните изданија.

           Епилог се појавува веднаш по последното поглавје…

           Арапски  натпис кој се наоѓа на шагренот и кажува дека споственикот ќе ги „поседува сите нешта“.

        „Амајлија“ започнува со заплетот од „Последниот Наполеон“: младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот, постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека на кожата има „ориенталски“ натпис, за кој старецот вели дека е „санскрит“, но всушност е арапски. Старецот тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски банкет исполнет со вино, жени и пријатели. Во истиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат на ваква забава. Тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборување.

        Втората глава, „Бездушна жена“, е раскажана како еден вид на ретроспектива од гледна точка на Рафаел. Тој на својот пријател Емил почнува да му ги раскажува своите денови како студент, живеејќи во сиромаштија со постара стопанка и нејзината ќерка Полина, залудно обидувајќи се да го освои срцето на прекрасната но ужасна жена по име Федора. Патем бил подучуван од постар човек по име Растињак, кој го охрабрувал да се потопи во светот на високото друштво. Користејќи ја љубезноста на неговите стопанки, Валентин успева да се пробие во кругот на пријатели на Федора. Не можејќи да го освои нејзиното срце, се претвора во мизерениот и разочаран човек најден на почетокот на „Амајлија“.

       Дејството во „Умирање“ се случува неколку години по случувањата во првата и втората глава. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга, Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. Некои работи надвор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.

          Со кожата помала од лист на зеленика, тој е посетен од Полина во неговата соба, која му изјавува љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов во жесток момент на страст и тој умира.sagrinskaПлан за разработка на лектирата:

1. Анализа на ликот преку внатрешните конфликти;
2. Да се живее кратко и среќно или долго и без емоции;
3. Желба, моќ и знаење -постулати на животот;
4. Животот и пропаста на Рафаел;
5. Како би постапил доколку ми се пружи можност за остварување на желбите по цена на животот.

Ликови
Рафаел де Валентин: главен лик. Тој е млад русокос со сини очи и женствени црти. Добро ја познава и социјалната и емоционалната мизерија. Се збогатува благодарение на кожата на сметка на својот живот.

Федора: грофица. Таа е себична жена која не се двоуми да го користи Рафаел.

Полина: ќерка на г-ѓа Годин, газдарица на Рафаел. Вљубен во Валентин, кој прво ја отфрла, а потоа се вљубува во неа.

ТЕМИ:

Фантастичното, пактот со ѓаволот: ова е централната тема на овој роман што наликува на ориентална приказна. Во реалистичен амбиент, мистериозната кожа исполнува желби со последици.

Општеството и неговите вредности: Париз од 1830 година, површен, чии жители им придаваат големо значење на парите.

Желба и среќа: романот го поставува прашањето за задоволување на желбите за постигнување среќа. 

Напишете коментар