Македонска современа поезија (Анте Поповски, Михаил Ренџов)

Анте Поповски (Лазарополе3 јуни 1931 – Скопје1 октомври 2003) — македонски поетесеист, препејувач и публицист. Дипломирал медицина, но решил да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член наМАНУ од 2001 година.

Михаил Ренџов – поет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Добитник е на наградите: Награда на СВП за необјавена песна (1964), „Ноемвриска награда на градот Штип“ за книгата „Иселеник на огнот“ (1965), „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата „Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), “Grand prix international” за севкупно творештво, Романија(1997), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), Македонска номинација за наградата „Балканика“ (2000), „Рациново признание“ за „Раскази за Захариј“ (2004).

Богомил Ѓузел (роден на 9 февруари 1939 година во ЧачакСрбија) e македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач. Негова сопруга е македонската писателка Лилјана Дирјан. Роден е во Чачак, каде што татко му, Димитар Ѓузелов, работел како гимназиски професор со забрана за враќање во Македонија. По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал. Во 1963 година завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”.

http://loza.mk/2012/11/bogomil-gjuzel-himna-na-oslobodeniot-ogan/

http://jovankoteski.blogspot.com/2008/05/1958.html

 

Напишете коментар